Руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина.

Петте клучни точки на руското Министерство за одбрана се:

– Целта на руската операција во Украина е да се обезбеди демилитаризација и денацификација на земјата, како и да се изведе марионетскиот режим во Киев пред лицето на правдата за злосторствата што ги направил.

– Територијата на „Донецката народна република“ и „Луганската народна република“ ќе се прошири до големината на регионите Донецк и Луганск.

– Русија нема намера да остане во Украина, ќе ги повлече војниците по завршувањето на специјалната воена операција.

– На Русија не ѝ е потребна територијата на Украина, никој нема да ја окупира.

– Кога ќе бидат можни нови власти во Украина, и ДНР и ЛНР ќе најдат заеднички јазик за преговори со нив.