Фото: Принт-скрин

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 959 украински војници од опколената челичарница Азовстал се предале оваа недела.

– Во текот на изминатите 24 часа, 694 милитанти се предадоа, вклучително и 29 повредени – соопшти Министерството.

Во соопштението се додава дека од 16 мај се предале „959 милитанти, меѓу кои и 80 повредени“.

Русија и Украина споменуваа договор според кој војниците би можеле да ја напуштат челичарницата, но многу детали од тој договор не се објавни.

Кремљ соопшти дека кон заробениците ќе се постапува во рамките на меѓународните стандарди, додека од Украина побараа размена на заробеници.