Бугарската компанија Булгаргаз ЕАД добила известување дека испораките на природен гас од Гаспром експорт ќе бидат суспендирани од утре 27 април 2022 година во 8 часот.

Бугарската страна целосно ги исполнила своите обврски и навремено, строго и во согласност со договорот и неговите клаузули и ги извршила сите плаќања.

По анализата на државната компанија Булгаргаз и Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ) е откриено дека новата процедура за плаќање во две фази предложена од Русија не е во согласност со постоечкиот договор до крајот на оваа година и претставува значителен ризик за Бугарија.

Министерството за енергетика, Бугарскиот енергетски холдинг, Булгаргаз и Булгартрансгаз презедоа чекори за изнаоѓање алтернативни аранжмани за снабдување со природен гас и за справување со ситуацијата.

Во моментов во Бугарија не се потребни рестриктивни мерки за потрошувачката.