„Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соработува со украинската влада и се обидува да ги прикрие злосторствата на украинските екстремистички сили“, изјави заменик претставникот на Русија во ОН на состанокот на Советот за безбедност, пренесува МИА.

Дмитриј Полјански ги критикуваше западните сили, велејќи дека се лицемерни во врска со безбедносната криза во Украина.

– САД и нивните сојузници ги следат сопствените себични интереси, а не интересите на украинскиот народ, кога поттикнуваат непријателства во таа источноевропска земја. Ги добивме најновите докази за тоа колку се валкани вашите трикови. Имаме докази дека Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина едноставно шпионирала во полза на Киев-рече тој.

Официјалниот претставник рече дека Русија собира повеќе докази за да започне постапка против набљудувачите.