Фото: Пиксабеј

Русија денеска ги повика другите земји да го „следат“ нејзиниот пример при признавањето на сепаратистичките републики во источна Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за независност на Доњецк и Луганск и нареди на руската армија да испрати таму војници како „мировни сили“.

– Русија ги повикува другите држави да го следат нејзиниот пример – се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесе МИА.

Во соопштението се додава дека признавањето на двете самопрогласени републики од страна на Москва, што е осудено од Западот, „не било лесно, но е единствениот можен чекор“.