Фото: Принт-скрин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на своите сили да ја продолжат офанзивата во источна Украина по заземањето на целиот регион Луганск.

– Руските сили „треба да ја извршат својата мисија до крај, според веќе одобрените планови. Се надевам дека сè ќе се случи во нивните сектори како што се случи во Луганск – рече Путин во телевизиски разговор со неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Рускиот претседател ова го изјави еден ден по најавата за повлекување на украинските сили од стратешкиот град Лисичанск, со чие заземање руските и проруските сепаратистички сили ја презедоа контролата врз целата територија на Луганск.

Регионот Луганск и соседниот Донецк го формираат Донбас, индустриски басен во источна Украина, што руските сили имаат намера да го освојат во целост.

Министерот за одбрана Шојгу денеска изјави дека руските сили го деминираат градот Лисичанск.