фото: Фејсбук

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ги објави плановите за одржување руско-белоруски воени вежби на почетокот на следната година.

– Како што се претпоставуваше, ќе одржиме вежби во март или февруари – рече Путин на почетокот на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко, а пренесе руската агенција „Тасс“.

Лукашенкo претходно побара од Путин да не ги прекинува меѓусебната соработка во воениот сектор и одбранбената индустрија.

Како што јави „Тасс“, претседателите на Русија и Белорусија се договориле да ја продолжат соработката и во воздухопловната индустрија.