Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговарал со претседателот на Руската федерација, Владимир Путин.
Заблагодарувајќи се за честитките што ги упатил по повод новогодишните и божиќните празници, претседателот Вучиќ му посакал на претседателот Путин добро здравје и многу успех во 2022 година за доброто на руската држава и рускиот народ, како и за доброто на српскиот руска соработка.
Во разговорот била нагласена подготвеноста за натамошна блиска соработка меѓу Србија и Русија за целиот спектар на прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.
Вучиќ и Путин посочиле дека економските врски меѓу двете земји постојано се зајакнуваат, а можностите за соработка на полето на економијата се далеку поголеми од искористените, така што има простор за нови заеднички проекти. Во таа смисла, тие посочиле дека очекуваат наскоро потпишување на Договорот за стратешка економска соработка и позитивно го оценија договорот што го потпишаа „Петрохемија“ и „Гаспром“, пренесуваат српските медиуми.
Двајцата претседатели разговарале за енергетската ситуација во Европа и светот, продолжувајќи го разговорот одржан пред еден месец во Сочи. Претседателот Путин го уверил претседателот Вучиќ дека Русија ќе се придржува до договорот и дека Србија ќе има доволно количества гас оваа зима.