Денеска пристигнаа првите авиони што доставија хуманитарна помош и опрема за комуникација на островите Тонга, кои беа отсечени по разорната ерупција на вулкани и цунами.

Австралиски и новозеландски воени авиони слетаа на аеродромот на архипелагот на островот Тонгатапу.

Контејнери со вода, средства за хигиена, привремени засолништа, генератори, како и комуникациска опрема беа доставени на островите, пренесува „Бета-Франс прес“.

Цунами го погоди брегот на Тонга пред пет дена по силна ерупција на подводен вулкан.

Загрозени се речиси 84.000 луѓе, што е повеќе од 80 отсто од населението на Тонга.