Фото: Министерство за одбрана на Кина / Архива

Кинеските вооружени сили одржуваат воени вежби во близина на островот Тајван, мерки спроведени како предупредување до САД, соопшти воената команда на Источната зона на кинеската армија.

„Воената команда на Источната зона на Кинеската армија организираше заеднички патроли на борбена готовност и воени вежби во поморскиот и воздушниот простор околу островот Тајван“, се наведува во соопштението на Источната команда.

Истовремено се додава дека тоа е „сериозно предупредување со оглед на неодамнешните активности меѓу САД и Тајван“.

Во документот се нагласува дека Тајван е дел од Кина, а кинеската армија има капацитет и е одлучна да спречи мешање надворешни сили, како и секаков обид на сепаратистичките сили да организираат „независност на Тајван“.