Фото: Твитер

Енергетската безбедност на Европа не е во директен ризик поради тоа што Русија денеска ги намали испораките на гас за голем број европски земји, изјави портпаролот на Европската Комисија.

– Врз основа на нашата размена утринава со националните претставници преку Координативната група за гас, нема индикации дека во моментов постои ризик за безбедноста на снабдувањето – рече портпаролот.

Тој додаде дека Брисел и националните власти на земјите од ЕУ внимателно ја следат ситуацијата.