Фото: Твитер

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател,  изјави дека руско-украинските преговори се прекинати. Процесот е запрен, но тоа не значи дека страните на крајот нема да седнат на преговарачка маса.

Подољак рече дека барањата на руската страна не се променети, за разлика од ситуацијата на фронтот.

– Денеска преговарачкиот процес е суспендиран. По коминикето во Истанбул, нема никакви промени, нема напредок. Руската Федерација останува во своето стереотипно размислување. Но, секоја војна завршува на преговарачка маса – додаде Подољак.