Францускиот виролог Лик Монтање, кој во 2008 година ја доби Нобеловата награда за истражување на вирусот ХИВ, почина денеска во Париз.

фото: Википедија

Монтање ја доби Нобеловата награда за медицина за откривање на вирусот ХИВ со група научници, а за време на пандемијата на коронавирусот беше отворен противник на вакцините и тврдеше дека ковид-19 е создаден во кинеска лабораторија.

За време на својата кариера бил директор на Светската фондација за истражување и превенција на СИДА во Париз.

Во годините пред почетокот на епидемијата на СИДА, тој направи значајни откритија за природата на вирусите и придонесе да се сфати како тие можат да ги променат генетските информации на организмите домаќини.

Неговото истражување за интерферон го отвори патот за откривање на фармацевтски лекови за вирусни болести.