Фото: Европски парламент/Твитер

Почина претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, објави денеска на Твитер неговиот портпарол Роберто Куило.

65-годишниот Сасоли почина ноќеска во 1.15 часот во Италија, каде што беше хоспитализиран, додаде неговиот портпарол, пренесува „Ројтерс“.

Сасоли бил во болница во Италија од 26 декември поради „сериозни компликации“ во врска со неговиот имунолошки систем, соопшти неговата канцеларија.