Фото: Министерство за одбрана на Украина/Фејсбук

По нападот во петокот на железничката станица во Краматорск, во Донецк, во кој загинаа 57 луѓе, во болница се наоѓаа 92 лица. Меѓу нив 17 се деца, соопшти денеска регионалниот гувернер.

Тој додава дека четворица возрасни и две деца биле отпуштени од локалната болница и испратени во болница во регионот Днепропетровск на понатамошно лекување.