Парламентот на Ел Салвадор денеска одобри воведување на едномесечна вонредна состојба во обид да се запре насилството на криминалните групи обвинети за 62 убиства во последните 24 часа.

Со Уредбата, усвоена со големо мнозинство во парламентот, „се прогласува вонредна состојба на територијата на целата земја поради сериозното нарушување на јавниот ред од страна на криминални групи“.

Врз основа на Уредбата се ограничува слободата на собирање и се дозволува апсење без налог.