Фото: Маја Јаневска-Илиева

Папата Франциск денеска апелираше за прекин на конфликтот во Украина.

Во неговите први директни јавни коментари откако рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина на 24 февруари, папата повика да се отворат хуманитарни коридори за да им се овозможи на Украинците да избегаат од интензивните борби.

-Во овие денови бевме шокирани од нешто трагично: војна. Неколку пати сме се молеле по таков пат да не се оди. И ние не престануваме да зборуваме, навистина, поинтензивно го молиме Бога-посочи папата Франциск.