Папата Франциск денеска упати остра осуда за рускиот напад врз Украина.

– Во името на Бога, нека се слушне плачот на страдалниците и нека престанат бомбардирањата и нападите – рече тој за време на неговата неделна молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

– Во името на Бога, ве молам, престанете со овој масакр, повика папата.

Бомбардирањето на детски болници и цивилни цели е „варварско“ и нема „валидна стратешка причина“, додаде тој.