Фото: Твитер/Лојд Остин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги осуди империјалистичките амбиции на рускиот претседател Владимир Путин.

– Руската инвазија е тоа што се случува кога големите сили ќе одлучат дека нивните империјални апетити се поважни од правата на нивните мирни соседи – напиша тој на Твитер.

– И тоа е слика на можен свет на хаос и немир во кој никој од нас не би сакал да живее – додаде американскиот секретар за одбрана.