Фото: Твитер/Жаир Болсонаро

Жаир Болсонаро, претседателот на Бразил, е примен во болница поради болки во стомакот. Тој е на преглед по што ќе се утврди дали ќе биде неопоходна операција, изјави лекарот на бразилскиот претседател за тамошните медиуми.

Некои од бразилските медиуми го прикажале Болсонаро како се спушта по скалите на претседателскиот авион по слетувањето во Сао Пауло во понеделникот околу 1.30 часот по полноќ. Тој веднаш бил префрлен во болницата „Вила Нова стар“, пренесуваат агенциите.

Болсонаро неколкупати беше во болница откако беше избоден со нож за време на претседателската кампања во 2018 година. Во јули 2021 година тој беше сместен во „Вила Нова стар“ поради интестинална опструкција по хронично икање, пренесува „Гардијан“.