Фото: Принт-скрин

Финската премиерка Сана Марин, зборувајќи по официјалното соопштение дека земјата ќе влезе во НАТО, рече дека потегот е неопходен по инвазијата на Украина.

– Кога ја гледаме Русија, гледаме сосема поинаков вид на Русија од онаа што ја видовме пред само неколку месеци. Сè се смени кога Русија ја нападна Украина и јас лично мислам дека повеќе не можеме да веруваме дека ќе имаме мирна иднина покрај Русија, ако сме сами. Затоа ја носиме одлуката за влез во НАТО. Тоа е чин на мир. Имавме војни со Русија и не сакаме таква иднина за себе или за нашите деца – рече Марин, одговарајќи на прашање на „Скај њуз“.