Фото: Принт-скрин

Обилните дождови во Мадагаскар предизвикаа поплави во делови од главниот град Антананариво, во кои загинаа 10 лица, а уште 12.000 луѓе останаа без покрив над главата, соопштија денеска властите на таа земја.

Надлежните предупредија на потенцијални одрони во главниот град, со оглед на тоа што се очекува да продолжат врнежите, како и можен циклон кој се приближува до островот во Индискиот Океан, пренесува агенцијата АП.

Претседателот Андри Рајоелина свика итен состанок поради поплавите, соопштија од неговиот кабинет.