Oсудени 19 Русинки на доживотен затвор поради членство во ИД

1643

Во Ирак денеска 19 руски државјанки се осудени на доживотен затвор поради што се придружиле на Исламска држава, јави ирачката сателитска телевизиска мрежа „Алсумариа“.

Руската амбасада се уште не ја коментираше пресудата за Русинките.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова пред 10 дена изјави дека 11 Русинки, заедно со нивните деца се притворени во Ирак. Тие беа приведени минатото лето.