Фото: Твитер

Заменик секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација, Рашид Нургалиев, денеска изјави дека Русија се соочува со тешкотии, па дури и прави грешки во воената кампања во Украина, но најави дека таа ќе продолжи да се бори, јави ДПА, а пренесува МИА.

-И покрај тешкотиите, специјалната воена операција ќе биде завршена-изјави Нургалиев.

Тој потенцираше дека операцијата ќе биде приведена кон крај и покрај испораките на оружје од Западот за Украина.

Руските цели во Украина, за кои Нургалиев кажа дека се „демилитаризација“ и „денацификација“ на земјата, како и заштита на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, ќе бидат остварени.