Фото: Пиксабеј

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри источно од Столац на длабочина од 10 километри. Регистриран е во 6 часот и 27 минути.

Потресот бил почувствуван во поширокото подрачје, вклучувајќи го и Сараево, пренесува Кликс.ба.

Во петокот, на 22 април, земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, а епицентарот, исто така, беше во близина на Столац. Во тој земјотрес загина едно лице, а беше предизвикана и материјална штета.