Фото: НАТО

Земјите-членки на НАТО не можат да се договорат за понатамошни чекори кон Русија поради ситуацијата околу Украина, јави „Њујорк тајмс“.

Според весникот, балтичките држави и Полска инсистираат на целосен прекин на односите со Русија, додека Франција, Германија и Турција сметаат дека е неопходно да се задржат контактите со руската влада, без оглед на моменталната ситуација.

Вчера и денеска во Брисел се одржува состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Една од темите за кои се разговара на средбата се активностите на Алијансата во врска со ситуацијата во Украина.