фото: Фејсбук

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска беше завејан 30 минути во авион во Вашингтон поради снежна бура што го погоди главниот град на САД.

Бајден се вратил во Вашингтон со претседателскиот авион, а од авионот излегол дури кога персоналот на аеродромот со големи напори успеал да ги постави скалите до вратата од авионот, објави „Индипендент“.

Камионот ги туркаше скалите со помош на работници, додека тие го пробиваа големиот снег, а Бајден мораше да чека 30 минути.

Потоа го покри лицето поради виорот додека се симнуваше по скалите, а агент на Тајната служба цело време го следеше.

Инаку, повеќе од 725.000 граѓани во Вашингтон и околните земји немаат струја поради снежното невреме, јави Си-ен-ен.