Фото: Официјален Фејсбук-профил на Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на светските лидери собрани во Давос, во Швајцарија, на првиот ден од работата на Светскиот економски форум (СЕФ).

Тој на почетокот на својот говор, реалиизран преку видео линк, ги замоли учесниците на форумот да ја разгледаат важноста на темата на годинашниот СЕФ – историјата на пресвртница.

-Оваа година темата е повеќе од реторичка. Таа ја означува војната која во моментов е актуелна – рече Зеленски.

Украинскиот претседател порача дека светот не смее да дозволи да биде управуван со груба сила, при што предупреди на руски воени злосторства извршени во Украина.