НАТО размислува да го адаптира германскиот модел во рамки на долгорочно одбранбено планирање а во врска со тензиите во Украина. Планот на Германија опфаќа дефинирање на единиците што можат да бидат распоредени во Литванија за кратко време и потоа да се поврзат со останатите сојузнички трупи што се веќе на теренот, како и поставување соодветна опрема. Ваквиот пристап ќе овозможи подолгорочно сместување нови трупи во најранливите земји-членки на Алијансата. Литванија е меѓу балтичките земји што поднесоа итни барања за повеќе војници