Фото: Фејсбук

Велика Британија

Како што пренесуваат британските медиуми, официјален Лондон разработува планови што ќе значат дека луѓето што се заразени со коронавирус нема да бидат обврзани законски да се самоизолираат. Премиерот Борис Џонсон сака трајно да ги укине законите за итни случаи за коронавирусот, бидејќи бројот на случаи на коронавирус во Велика Британија продолжува да се намалува, се наведува во извештајот до кој дојдоа медиумите.
Исто така се додава дека официјалните упатства ќе останат, но нема да резултираат со парични или законски казни доколку се игнорираат. Плановите ќе бидат разработени во наредните недели, а објавувањето се очекува напролет, се наведува во извештајот.
Минатата недела, министерот за здравство Саџид Џавид изјави дека самоизолацијата во Англија ќе се намали на пет дена од сегашните седум доколку пациентот добие негативен тест двапати последователно.
Џонсон, исто така, е подготвен да ги укине ограничувањата за коронавирусот поврзани со планот Б, кои беа воведени минатиот месец за да се забави ширењето на варијантата омикрон, се вели во претходен извештај на британски „Телеграф“.