Фото: Принт-скрин

Серија експлозии ја потресоа зградата на државната безбедност во Тираспол, Молдавија.

Неколку часа откако руското Министерство за одбрана денеска објави дека една од целите е „да се воспостави копнен контакт со Придњестровје“, руско ориентиран, отцепен регион на Молдавија на границата со Украина, молдавските власти известија за експлозии во Тираспол, главниот град на Придњестровје.

– Во зградата на Министерството за државна безбедност во Тираспол се случија серија експлозии. Во близина има неколку амбулантни возила и гасовод – се наведува во извештајот, пренесува руската агенција Тасс.

Претставници на Министерството за внатрешни работи напишаа на Телеграм дека непознати напаѓачи стрелале во зградата од фрлачи на гранати.