Фото: Пиксабеј

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека бил фрлен молотов коктел врз рускиот конзулат во украинскиот град Лавов, пренесувајќи официјален протест поради нападот – пренесе Ројтерс.

Како што наведуваат, станува збор за „терористички чин“ кој е последица на поттикнување омраза и непријателство кон Русија во Украина.

Руската амбасада во Киев испратила нота до украинското Министерство за надворешни работи со барање да се преземат итни мерки за зајакнување на безбедноста на зградата и вработените во конзулатот.

Украинската полиција во Лавов соопштила дека покренала истрага за инцидентот, кој го нарекоа „хулигански чин“ – пренесе Ројтерс.