Фото: Твитер/Дмитро Кулеба

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитрo Кулеба ги критикуваше светските лидери за, како што рече, нивните „изговори и радиуси“ и ја повика Европската Унија да воведе ембарго на руската нафта.

– Ако светските лидери и компании се сериозни за ставање крај на руските воени злосторства, тие прво мора да му ги одземат приходите од нафтата на Путин. Имаше многу изговори и полумерки додека Украинците се бомбардирани, убивани, мачени и силувани – објави Кулеба на Твитер.

Според шефот на украинската дипломатија, руската нафта е полна со украинска крв.

„Престанете да го купувате!“, напиша Кулеба.

Тој изјави дека е неопходно ЕУ да воведе „вистинско ембарго“ за руската нафта, оценувајќи дека Русија „очајно се обидува да ги заобиколи веќе воведените ограничувања“.