Санкциите на ЕУ отворија ново кризно жариште на Балтикот

Калининградската област во Литванија има големо значење за Руската Федерација. Таа е руска енклава, која се наоѓа меѓу Полска и Литванија, на брегот на Балтичко Море. Нејзината местоположба овозможува поевтин и побрз транспорт на стоките во кој било дел на Европа. Како енклава или територија што ѝ припаѓа на Русија, според меѓународното право, треба да има и целосен пристап од копното

Литванија во саботата го блокира железничкиот транзит на некои руски производи во областа на Калининград, а тоа предизвика дипломатски тензии меѓу Москва и Вилнус. Меѓународните аналитичари сметаат дека прашањето за слободен пристап на руските производи може да биде вовед во ново потенцијално кризно жариште на Балтикот. Властите во Вилнус оваа одлука ја објаснуваат со воведувањето на санкциите од Европската Унија поради војната во Украина, а кои се однесуваат на забраната на транспорт на руска стока на територијата на ЕУ, иако таа е упатена од едно место до друго место во Русија!

Калининградската област во Литванија има големо значење за Руската Федерација. Таа е руска енклава што се наоѓа меѓу Полска и Литванија, на брегот на Балтичко Море. Нејзината местоположба овозможува поевтин и побрз транспорт на стоките во кој било дел на Европа. Како енклава или територија што и припаѓа на Русија, според меѓународното право, треба да има и целосен пристап од копното.

Според изјавите на официјалните литвански претставници, одлуката е донесена по добиеното одобрување од Европската комисија. Многу земји, како и членките на ЕУ, воведоа целосни санкции кон Русија, како одговор на нејзината воена операција во Украина во февруари годинава.

Забраната за транзит не се однесува на производите што се наведени од листата на Брисел, а на неа се суровата нафта и нафтените производи, јагленот, металите, градежните материјали, напредната технологија, производите од стакло, некои прехранбени производи, ѓубривата и алкохолот. Ова, според зборовите на гувернерот на регионот Антон Алиханов, значи дека е забранет транзитот на половина од досегашната руската испорака преку Калининград.

Примената на мерката на литванската влада нема да предизвика и криза со доставата на храна во овој регион, затоа пристапот на Русија до Балтичко Море е отворен. Значителен дел од прехранбените производи се обезбедува од домашните преработувачи на млечни и месни производи. Но руската заедница во Калининградската област е зависна од испораките од Русија, која се одвива преку железничката пруга, како и од доставата на рускиот гас.

Доколку во блиска иднина транзитот на товарот меѓу Калининград и Русија преку Литванија не биде во целост воспоставен, Русија го задржува правото да преземе акција поради заштита на своите национални интереси – соопштија од руското министерство за надворешни работи по одлуката на литванската влада.
По ова следуваше и дипломатска реакција од Кремљ, со повикување на литванскиот претставник во Москва, со што беше искажан протест за „провокативните“ и „отворените непријателски“ мерки.

Литванскиот министер за надворешни работи, Габриелиус Ландбергис, изјави дека неговата земја едноставно ги применува санкциите кон Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за забраната што ја воведе Литванија рече дека е без преседан и е незаконска.

Калининград е просторот на кој се наоѓа штабот на руската Балтичка флота, а оваа област Црвената армија ја зазеде од нацистичка Германија во април 1945 година и му е приклучена на Советскиот Сојуз по Втората светска војна.


Захарова: Литванија ќе ја принуди Москва да реагира

Литванија со забраната за транзит на стока по железница до Калининградската област покажува агресивно однесување, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
– Тие се однесуваат агресивно, ја преминаа границата, дури и ги надминаа рамките на однесување предвидени со меѓународното право. Се однесуваат агресивно и непријателски – рече Захарова во емисијата „Соловјов во живо“.

Таа изјави и дека Литванија провоцира и дека овие провокации ќе ја принудат Москва да реагира на соодветен начин. Захарова нагласи дека мора да ја разберат сериозноста на последиците од забраната за транзит на стока во Калининградската област.