Фото: Твитер/Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја одби работата што ѝ ја понуди генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Тој предложи Меркел да претседава со советодавно тело составено од поранешни шефови на држави и влади, според извор од Обединетите нации.

– Меркел разговараше со генералниот секретар на ОН минатата недела, му се заблагодари и му одговори дека нема да ја прифати понудата – изјавија за ДПА од кабинетот на поранешната канцеларка.

Пред неодамнешните парламентарни избори во Германија, поранешната германска канцеларка (67) најави дека нема да се кандидира за нова функција во партијата и дека се повлекува од политичкиот живот по 16 години како канцелар.

Нејзин наследник како канцелар стана социјалдемократот Олаф Шолц, кој беше министер за финансии во коалициската влада на Меркел.