Поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј, холандскиот премиер Марк Руте, естонската премиерка Каја Калас, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и романскиот претседател Клаус Јоханис, се споменуваат како можни кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО, јави агенцијата ДПА, а пренесе МИА.

Актуелниот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е објавено дека ќе биде иден гувернер на Централната банка на Норвешка. Местото официјално ќе биде испразнето на 1 март, но Столтенберг ќе ја преземе функцијата дури наесен, бидејќи неговиот мандат како генерален секретар на Алијансата е до крајот на септември.

Дотогаш, со Централната банка на Норвешка ќе управува Ајда Волтен Баке, сегашен заменик-гувернер. Таа беше и главниот ривал на Столтенберг за водечката банкарска позиција.

Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година. Тој претходно беше премиер на Норвешка од 2005 до 2013 година.

– Кандидатурата на Столтенберг за функцијата гувернер на Централната банка ја следеа контроверзи во Норвешка, делумно поради неговото блиско пријателство со актуелниот норвешки премиер Јонас Гар Стохре, колега социјалдемокра – додава ДПА