Фото: Федерална Влада на Германија

Медениот месец од неговиот мандат заврши, бидејќи неговиот „нечуен“ став за кризата на украинската граница не успева да ги импресионира поамбивалентните гласачи во Германија.

Новиот германски канцелар Олаф Шолц, чија либерално-левичарска коалиција „семафор“ положи заклетва пред помалку од два месеци, беше критикуван од Киев и другите престолнини од источна и централна Европа поради тоа што се држи до рестриктивниот став на неговата земја за извоз на оружје во кризните региони и „се бави“ во изрекувањето на потенцијалните санкции кои би можеле да бидат предизвикани од руска инвазија во Украина, пишува британски „Гардијан“.

Оваа недела, Шолц, сепак, мораше да се соочи со слични критики во Берлин.

Тој во интервју за една германска телевизија пред неколку беше прашан: „Како е чувството кога сојузниците го класифицираат ставот на Германија како несигурен?“. Кога Шолц негираше дека тоа е случај, водителот го прекина, посочувајќи дека дури и неговиот амбасадор во Вашингтон предупредил во меморандум: „Германија, имаме проблем“.

Додека Ангела Меркел ретко се истакнуваше како оратор или реторичар, Шолц „се чини дека сака да ја надмине во уметноста на исчезнувањето“, пишува неделникот „Шпигел“, опишувајќи го настапот на новиот германски канцелар во последните неколку недели како „речиси невидливи, нечујни“.

Истражувањето на „Инфратест Димап“ објавено во четвртокот покажа дека поддршката за СПД на Шолц падна на 22 отсто, надмината од конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) со 27 отсто. Неговиот личен рејтинг на одобрување падна за 17 процентни поени во истата анкета.