Гизлејн Максвел и Џефри Есптајн

Гизлејн Максвел беше прогласена за виновна пред њујоршкиот суд под обвинение дека намамила малолетнички во мрежата за секс-трговија на финансиерот Џефри Епстајн.

Американската порота ја прогласи Максвел за виновна по пет од шест точки поврзани со нејзината улога во сексуално злоставување малолетни девојчиња помеѓу 1994 и 2004 година, од страна на Епстајн, кој се самоуби во затворска ќелија во Менхетен во 2019 година додека чекаше судење за обвиненијата за сексуална злоупотреба, пренесе „Ројтерс“.

На поранешната соработничка на Епстајн сега ѝ се заканува затворска казна до 70 години, а се соочува и со две точки од обвинението за лажно сведочење, на кои ќе и се суди посебно.

Епстајн и Максвел беа познати по нивниот друштвен живот воден меѓу џет-сетот на моќниците од светот на политиката, уметноста, забавната индустрија и науката. Има шпекулации околу можните сознанија на Максвел за активностите на нивните моќни пријатели.

Епстајн имаше познанства со голем број на политичари, бизнисмени и славни личности, меѓу кои се спомнуваат актуелниот американски претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Бил Клинтон, британскиот принц Ендрју, актерот Кевин Спејси…

Познатиот бизнисмен беше обвинет дека предводел операција за секс-трговија која намамила голем број на малолетни девојки на возраст од 13-14 години во неговиот дом, во периодот помеѓу 2000 и 2005 година. Тој беше уапсен во јули 2019 година на аеродром во Њу Џерси, по неговото враќање од Франција. Осрамотениот Епстајн си го одзема животот во ќелијата во затворот Метрополитан на Менхетн во август 2019 година.