Фото: Фејсбук/Емануел Макрон

Емануел Макрон e старо-новиот престедател на кој Французите денеска му доверија нов петгодишен мандат освојувајќи 58 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети. Сепак тој е далеку од 66,10 отсто освоени гласови во 2017 година. Марин Ле Пен освои 42 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА.

Како и во 2017 година, 48,7 милиони Французи избираа меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Првиот беше фаворит. Но, никогаш екстремната десница не изгледаше толку блиску до портите на Елисејската палата. Резултатот од далеку ги надминува резултатите од пред пет години кога таа освои 33,90 отсто од гласовите. Таа денеска освои 42 отсто од гласовите

Кандидататката на десницата Ле Пен се обрати од нејзиниот штаб во 16-тиот арондисман на Париз. Taa го поздрави „и покрај двонеделните нефер, насилни методи“, фактот што идеите „што ги претставува достигнуваат нови височини во изборната ноќ. Со повеќе од 43 отсто од гласовите, резултатот сам по себе претставува убедлива победа.

-Милиони наши сонародници го избраа националниот камп и промените. Ја упатувам мојата најдлабока благодарност до оние кои ми веруваа во првиот круг и до оние кои со милиони ни се придружија во вториот круг. Се плашам дека петгодишниот мандат што се отвора нема да се скрши со бруталните методи на претходниот, за да се избегне монополизација на моќта од некои, повеќе од кога било ќе ја продолжам мојата посветеност на Франција и Французите со енергијата, истрајноста и наклонетоста што ме познавате – истакна Ла Пен.

Кандидатката на РН најави и „голема изборна битка на законодавните избори. Ќе ја водам оваа битка заедно со Жордан Бардела“ рече таа.