Фото: Фејсбук/Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека планира во наредните денови да оствари нови телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски.

– Во следните денови повторно телефонски ќе разговарам со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин – изјави Макрон за ТВ Франс 2.

Тој на 7 февруари ја посети Москва, кога разговараше со Путин, а следниот ден францускиот лидер беше и во Киев, каде имаше средба со Зеленски.

По дијалогот во Москва, Макрон и Путин имаа редовни телефонски разговори, а во последните неколку недели имаше вкупно девет, јави Тасс.