фото: Фејсбук

Францускиот претседател Емануел Макрон, по критиките за зголемената закана за безбедноста на граѓаните, рече дека ќе изнесе дополнителни 3.500 полицајци на улиците.

Безбедноста стана главна тема пред претседателските избори закажани за април.

Нашите полицајци и жандарми извршуваат задачи што не влијаат на вашето секојдневие – обезбедуваат државни згради, хоспитализираат притвореници, присутни се на судењата, што ги спречува да патролираат на улиците. Ќе ги ослободиме од тие задачи доверувајќи им ги на административните службеници или на приватните партнери, што ќе ни овозможи да ослободиме 3.500 полицајци и жандарми, рече Макрон.

Тој тврди дека за време на неговиот мандат бил намален бројот на провални кражби и други криминални дејства, наведуваат агенциите.