Фото: Инстаграм

Триесет години по краткиот престој на Едит Кресон (1991-1992) во хотелот „Де Матињон“, од вечерва тој повторно ќе биде запоседнат од жена. Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ја назначи Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопшти Елисејската палата, јавува МИА.
Поранешната шефица на РАТП и поранешен префект на Поату-Шарент, во 2017 година му се приклучи на шефот на државата и неговиот прв мандат таа последователно беше министерка за транспортот, за еколошката транзиција, за на крајот да биде и минитерка за труд.
-Таа во неговиот петгодшен мандат ги отелотвори повеќето големи трансформации подобро од кој било друг-забележа извор близок до Макрон.
Нејзиниот претходник, Жан Кастекс, попладнево во Елисејската палата ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката. Во писмо тој зборува за „новата ера што се отвора“ и најавува дека ќе се држи подалеку од националниот политички живот.
Но, претходно Кастекс, сепак, ќе мора да го мине традиционалниот трансфер на власта, со новиот шеф на владата.
Борн потоа, во договор со шефот на државата, ќе треба да го формира тимот што ќе ја сочинува извршната власт до изборите во јуни.