Фото: Принт-скрин

Емануел Макрон за малку избегнал ќеса со домати што била фрлена кон него во текот на изненадната посета во област северно од Париз, каде што вети нов дека ќе го „слуша народот“ по победата на претседателските избори, објави „Гардијан“.

Макрон беше погоден со јајце за време на Меѓународниот саем за хотели во Лион во септември минатата година, откако во јуни истата година беше удрен со шлаканица кога се поздравуваше со граѓаните при посетата на регионот Тан Лермитаж.

Во неговото прво постизборно појавување, Макрон се шеташе низ пазар во градот Сержи каде што се ракуваше со присутните и позираше за селфи-фотографии.

Шлаканица за Макрон, чевел за Буш, јајца за Прескот и Кол

Настрана од инцидентот, повеќето од насобраните беа пријателски расположени и му честитаа на Макрон на новиот мандат, додека други од францускиот лидер бараа помош за разни проблеми со кои се соочени, според британскиот весник.

По шлаканицата, Макрон го гаѓаа со јајце

Претседателот на Уставниот совет на Франција, Лоран Фабиус, денеска го прогласи Макрон за претседател на Републиката, кој во неделата, во вториот круг од претседателските избори освои апсолутно мнозинство гласови, 58,55 отсто, јави дописникот на МИА.

– Уставниот совет спроведе пописни и контролни операции, посочи Лоран Фабиус, наведувајќи ги „неправилностите“ забележани на 48 избирачки места, поради што членовите на уставниот совет поништија 20.594 гласови, или 0,06 отсто од гласовите. Севкупно, се почитуваа правилата на изборниот процес – рече претседателот на Советот.

Од вкупно 48.752.339 регистрирани гласачи, гласале 35.096.478, што претставува стапка на вапстиненција од 28,01 отсто, втора највисока неизлезеност под Петтата република во вториот круг од претседателските избори. Уставниот совет преброи 2.333.904 празни ливчиња, со што бројот на дадени гласови се намали на 32.057.325.

Од нив, 18.768.639 отишле кај Емануел Макрон (58,55 отсто), наспроти 13.288.686 за Марин Ле Пен (41,45 отсто).

– Емануел Макрон доби апсолутно мнозинство од дадените гласови, Уставниот совет, на овој 27 април 2022 година, го прогласува Емануел Макрон избран за претседател на Републиката – објави Лоран Фабиус, укажувајќи дека мандатот на новоизбраниот претседател „ќе започне од 14 мај 2022 година на полноќ“.