Фото: Фејсбук/Емануел Макрон

Елисејската палата објави кратко соопштение по телефонскиот разговор на претседателот Емануел Макрон, кој последователно разговараше со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со премиерот на нашата земја, Димитар Ковачевски, јавува МИА.

Целта на овие три разговори, додека Франција претседава со Советот на Европската Унија, беше да се поттикнат овие две земји брзо да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив, се додава во соопштението.

-Претседателот на Француската републиката потсети на неговата приврзаност кон европската перспектива на Западен Балкан, особено во контекст на дестабилизација низ која поминува европскиот континент-стои во краткото соопштение.