Фото: Принт-скрин

Секоја мајка, која знае дека нејзиниот син е пратен во војна против Украина, мора да провери каде е тој. Особено оние, кои не можат да ги контактираат своите деца. Оние, на кои им е кажано дека нивните деца се убиени, но, не им го вратиле телото. Вака им се обрати украинскиот претседател, Владимир Зеленски, на мајките на руските војници, во својот говор измината ноќ.

Зеленски информираше дека се заробени нови руски регрути. Како што појасни претседателот, меѓу нив има и такви, кои одбиваат да се вратат во Русија. Имало и такви, кои руското раководство не ги спомнува и не се обидува да ги врати.

Според Зеленски, многумина што се заробени, во Русија се прогласени за мртви.

Тој додаде дека на интернет може да се најдат телефонски броеви, каде доколку се јават, мајки на војници ќе дознаат што навистина се случува со нивните деца.

Зеленски истакна дека украинската војска не очекувала да земе илјадници затвореници.

– Не ни требаат уште 13.000 или толку загинати руски војници. Ние само сакаме мир – нагласи Зеленски.