Париз – Наставник што на учениците неодамна им покажувал карикатури од пророкот Мухамед викендов беше обезглавен пред неговото училиште во предградие на Париз, во, како што го нарече францускиот претседател Емануел Макрон, „исламистички терористички напад“. Напаѓачот, чиј идентитет не е утврден, бил застрелан од полицијата додека се трудела да го уапси и подоцна починал од повредите, соопшти полицијата. Француските обвинители за борба против тероризмот изјавија дека убиството го третираат како „убиство поврзано со терористичка организација“ и „злосторничко терористичко здружение“, објави „Ле монд.“

Берлин – Германската канцеларка Ангела Меркел апелира до граѓаните да направат што е можно повеќе во борбата против пандемијата, повикувајќи ги Германците за време на видеообраќањето да се придржуваат до прописите донесени од Владата. Меркел исто така ги повика граѓаните да се среќаваат со многу помалку луѓе и надвор и внатре во своите домови, додавајќи дека луѓето треба да се обидат да избегнуваат патувања и да присуствуваат на големи собири.