Берлин – Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, предложи Европската Унија (ЕУ) да го заостри односот со руските олигарси и да им забрани влез во ЕУ. Навални, кој закрепнува во Германија откако беше отруен во август со хемиски агенс од забранетата група новичок, во вчерашното интервју, за германскиот весник „Билд“, изјави дека санкциите против целата земја не функционираат.
Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил да се прекинат преговорите за економска помош до изборите, поради кризата предизвикана од коронавирусот. Трамп, кој и самиот има коронавирус, објави на својот профил на Твитер дека претседателката на Конгресот, Ненси Пелоси, не преговара со добри намери. Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, претходно предупреди дека рецесијата предизвикана од пандемијата може да забави доколку федералната влада не обезбеди дополнителна економска поддршка.

Букурешт – Романските власти од вчера ќе ги затворат театрите, кината и затворените ресторани во главниот град Букурешт и неколку други градови за да се обидат да го спречат зголемувањето на инфекциите со коронавирус. Исто така, веќе од денес патниците од 49 земји со висок ризик, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Велика Британија, ќе треба да се самоизолираат две недели по пристигнувањето, освен оние што доаѓаат на помалку од три дена, но кои мора да направат негативен тест за коронавирус.

Москва – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека опасноста од новиот коронавирус во Русија не е помината, но дека земјата е подготвена за секаков развој на настаните. Тој го изјави ова вчера на состанокот со членовите на парламентот, пренесува „Ројтерс“. Според најновиот извештај, околу 11.000 нови случаи на коронавирус се потврдени во Русија, што е најголем скок од 11 мај.