Вашингтон – САД се подготвуваат да ги оданочат извозниците на алуминиумски лимови од 18 земји, откако утврдија дека тие имале корист од субвенции. Комисијата за меѓународна трговија на САД, независно тело, мора да ја одобри конечната одлука за наметнување антидампинг-давачки, се вели во соопштението на Одделот на трговија на САД. Истрагата, почната од администрација на Доналд Трамп, беше побарана од десетина американски производители на легури на алуминиум, вклучувајќи ги производите на „Арконик“ и „Алерис Роли“, кои сметаа дека имаат штети од конкурентскиот увоз по пониски цени.

Берлин – Претседателот на САД, Џо Бајден, и германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор се согласија да побараат од Русија да ги намали трупите на украинската граница, каде што состојбата на теренот се влошува. Претходно германскиот министер за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер ја обвини Русија за „провокација“ во врска со украинското прашање и рече дека со загриженост ја следат ситуацијата. Паралелно со ова, од почетокот на годинава насилството повторно се интензивира во источна Украина, меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, јави АП.

Анкара – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди „непристојноста и вулгарноста“ на изјавите на италијанскиот премиер Марио Драги, кој го нарече „диктатор“ по гафот на протоколот поврзан со претседателката на Европската комисија за време на посетата на Анкара.
– Изјавите на италијанскиот премиер спаѓаат во сферата на тотална грубост и вулгарност. Додека се надевавме дека ќе ги подобриме нашите односи, тоа лице по име Драги им зададе удар – рече Ердоган.
Вашингтон – САД ја „исполнија целта“ Авганистан повеќе да не служи за напад врз Америка, рече претседателот Џо Бајден, најавувајќи повлекување на американските трупи од Авганистан до 11 септември. Според Бајден, американското присуство во Авганистан било причина зошто САД отишле таму на прво место, а тоа е да се осигурат дека Авганистан повеќе нема да служи како база за нов напад врз Америка.