Европската Унија мора да ја прецизира својата стратегија за изградба на односите со Русија, бидејќи без Русија многу прашања не можат да бидат решени, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на неформалниот состанок на шефови на дипломатии на ЕУ во Загреб.

– Знаеме дека сериозни судири, како сирискиот, но и важни прашања, како климатските промени и разоружувањето, не можат да се решат без Русија. Поради тоа мора да прецизираме наша стратегија кон Русија – истакна Мас, пренесе „ТАСС“.