Mолотови коктели фрлени во метро-станица во Хонгконг

30

Метро-станица во Хонгконг е тешко оштетена откако таму беа фрлени молотови коктели.

Од владата во земјата соопштија дека никој не е повреден и ги осуди сите акти на насилство, најавувајќи темелна истрага за случајот.

Продемократските протести продолжија и денеска во Хонгконг, но бројот на демонстранти е значително помал отколку на претходните собири.